Георгиевски: Покажавме доминација – заслужено сме шампиони

49

Вардар 1961 сезоната ќе ја заврши на најдобар можен начин. Ја врати титулата после три години, го освои Купот на Македонија, стигна до четвртфинале во Лигата на шампиони.

Печат на титулата стави со убедлива победа над Пелистер од 15 гола разлика. За разлика од лани, сега „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ се радуваа. Гоце Георгиевски не криеше дека токму поради последниот меч од минатата сезона сега носеле голем товар, кој конечно им падна од грб.

„Пред почетокот на сезоната тоа ни беа целите, двојна круна во Македонија и четвртфинале во Европската лига. Ги успеавме зацртаните цели. Сакавме да одиме чекор понапред со Монпелје, но не успеавме, ама покрај тоа зад нас е една успешна сезона.

Сакам да им честитам на моите соиграчи за оваа цела напорна сезона, беше многу напорна, со доста притисоци, знаејќи дека минатата сезона ја загубивме титулата на домашен терен.

Од тој аспект, имавме притисок на грб од лани, но покажавме доминација и заслужено сме шампиони. Нашата цел беше титулата и Лигата на шампионите, се надевам на добри натпревари.“, изјави Георгиевски. 

Вардар ќе биде крунисан во последното коло против Бутел Скопје на гости, тренерот Иван Чупиќ најави дека е целта на сите три меча до крајот да остварат победа.

ПретходноИграчите на Арсенал ќе добијат огромни бонуси ако освојат двојна круна
СледноБитола не мирува, „Чкембари“ прашуваат: Земате илјадници евра – ЗА ШТО?