Македонскиот фудбалски национален тим за следниот период има закажано две пријателски средби. И тоа двете се со исклучително силни противници, од кои нашиот состав ќе извлече одлични 180 минути на терен.
Првиот дуел го играме на 29 мај против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево додека пак два дена подоцна на 1 јуни играме против Турција исто така на гостински терен.
Селекторот Гоце Седлоски за овие дуели најави некакви промени околу составот, односно од порано е познато дека шанса ќе добијат некои играчи од поновата генерација.
Што се однесува пак до здравствениот билтем ситуацијата е следна.
Универзалецот Тихомир Костадинов има повреда на раката. По дуелот со Дукла за неговиот тим Словачко, му беше извршена и мини операција на левата шака. Костадинов во моментов сепак, е во тренажен процес и ќе биде присутен на прозивката на селекторот Седлоски.
Од друга страна пак, креативецот Лука Станковски туку што го пронајде своето место во стартниот тим на Колос од Украина, мора да направи пауза.
На еден од последните мечеви на тимот, Станковски ја истегна задната ложа. Незгодна повреда за која треба и митување и терапии.
Сепак, и тој како и Костадинов би требало да се појави на собирот на нашиот национален тим пред мечевите со Босна односно Турција.










