Од вечерва и официјално е. Тимот на нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски се врати во првата Бундеслига. Иако Македонецот и неговите соиграчи вечерва не играа, ама поради фактопт дека третопласираниот тим на Елбфлоренц, сега е готово. Битигхајм утре ќе го игра својот меч од 31.коло, но веќе се знае, а и самиот клуб официјално објави на своите социјални мрежи дека се враќа во елитната германска лига.
Секако дека голем дел за овој успех на Битигхајм има и нашиот Мартин Томовски кој имаше фантастична сезона.
Браво за Томовски, нема сомневање дека тој и тоа како ќе го даде својот придонес во бараж средбите со Словачка за пласман на СП 2027.










