Вардар ќе чека абер за враќање во Лигата на шампиони после четири сезони!

431

Вардар 1961 е новиот првак во македонскиот ракометен шампионат, откако го симна Пелистер од тронот, кој таму беше цели три години. „Црвено-црните“ ставија печат на шмпионската титула на три кола до крајот на плеј-офот и со убедлива победа над битолчани.

Од СЦ „Јане Сандански“ стигна најава, а ќе се чека и потврда – Вардар 1961 после четири години може да се врати во Лигата на шампиони. За таму ќе аплицира за вајлд-карта, бидејќи Македонија го нема правото на загарантирано место во најсилното европско клупско натпреварување.

Добро е познато дека Вардар 1961 е двократен освојуваач на Лигата на шампиони, тоа го стори во 2017 и 2019 година.

Ова натпреварување во следната сезона ќе брои 24 екипи.

ПретходноФаворитите без проблем, Лејкерси без надеж (ВИДЕО)
СледноИграчите на Арсенал ќе добијат огромни бонуси ако освојат двојна круна