Фенер се пласираше на Ф4, Пао ќе игра “мајсторка“ со Валенсија!

45
ФОТО:facebook.com/fbbasketbol

И дефинитивно Фенербахче се пласира на Ф4 кој ќе се одржи во Атина откако вечерва на гости кај Жалгирис славеше со 90:94 за 1:3 во победи во 1/4 финалето од плеј-офот и си закажа полуфинале со Олимпијакос на Ф4. Одличен, драматичен меч одиграа Жалгирис и актуелниот првак во Евролигата, кој на крајот му припадна на гостинот. Бирч со 21 поени кај гостите беше најефикасен, додека кај домашниот состав Франциско со 23 поени имаше одлична партија.

Во пеколот на “Оака“ во Атина гостинскиот тим на Валенсија успеа да го победи Панатинаикос со 86:89 и со тоа во оваа серија да израмни на 2:2 со двете победи како гостин. Да потсетиме дека Пао имаше 2:0 во серијата со двете победи кај Валенсија, а сега мајсторката ќе се игра во Шпанија.

Во првата фаза од мечот Валенсија имаше убедливо водство, за да во продолжение од мечот охриѓанецот Осман и соиграчите направија пресврт, сепак Валенсија брзо го врати водството.

Во самиот финиш драма во преполната “Оака“ во Атина, пред 20.000 гледачи, сепак гостите знаеја како да дојдат со екстра важниот триумф. Монтеро со 29 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај домашните Џеди Осман застана на 26. 

Победникот од оваа серија во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид на Ф4.

ПретходноСинер: Најдобрите би можеле да ги бојкотираат Гренд слем турнирите, зборуваме за пари и почит
СледноДортмунд го победи Франкфурт и го завери второто место во Бундеслигата!