Денеска продолжуваат натпреварите во плеј-офот. Новиот првак, Вардар само два дена после дербито со Пелистер на кое го потврди кам-бекот на тронот, денеска е гостин на ГРК Охрид. Натпреварот се игра со почеток во 18 часот, во СЦ „Билјанини Извори“.
Охриѓани кои стигнаа до финалето на ЕХФ Европскиот Куп и во овој момент го делат второто место на табелата со битолчани, сонуваат да испишат нова историја и да дојдат до триумф против „црвено-црните“ и воедно да им се реваншираат во поразот во финалето на Купот на Македонија.
На другата страна пак тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ најави дека целта на тимот е да ги победи сите мечеви до крајот сезоната, и на тој начин да ја потврда својата доминација.
Покрај оваа средба, денеска во Кавадарци, исто во 18 часот, силите ќе ги одмерат ГРК Тиквеш и Алкалоид.










