Крива Паланка испиша историја – го подигна првиот шампионски пехар!

124

Крива Паланка испиша историја, за првпат го освои шампионскиот пехар во сениорска женска конкуренција, откако на четвртиот меч славеа против Бадел 1862 со 73-75 за конечни 3-1 во финалето на плеј-офот.

До победата, новиот првак дојде после голема драма. Домашниот тим успеа во самиот финиш да дојде до 73-73 со поените Ива Чолакоска, но не остана време, на другата страна Робинсон од линијата за слободни фрлања ги постави конечните 73-75 (16-30, 16-12, 23-13, 18-20).

Робинсон имаше 22 поени, колку и нихус, која покрај 22 поени запиша и 17 скока. На другата страна Фримен имаше 28 поени и 9 скока, додека Клири 16 поени и 17 скока.

ПретходноПреставници на Ливерпул се интересирале кај Реал каков тренер е Алонсо
СледноЕл Класико: Рашфорд постигна евро-гол, Барса со два гола предност на полувреме (ВИДЕО)