Луковиќ се збогува со Куманово: Засекогаш останувате во моето срце!(ФОТО)

152

Урош Луковиќ со многу емоции и со емотивна порака се збогува со КК Куманово. Тој преку своите социјални мрежи испрати порака дека нема веќе да биде дел од куман0вскиот клуб. Србинот кој беше миленик на кумановските фанови сиве овие години им се заблагодари на сите кои биле дел од неговиот престој во овој клуб:

Овој клуб за мене никогаш не бил само место каде што се игра кошарка. Ми беше втор дом, семејство, дел од животот што ме обликуваше и како играч и како човек. Секој тренинг, секој меч, секоја победа и пораз, сето тоа ќе го носам засекогаш со мене. Благодарност до соиграчите на борбата, смеата, на сето она што го минавме заедно. Благодарам на тренерите за поддршката, а посебно благодарам до навивачите – вашата енергија, љубов и верност е нешто што не се заборава. Го носевте тимот кога беше најтешко. Заминувам со огромна гордост што бев дел од оваа приказна. Куманово засекогаш останува во моето срце“, порача Урош Луковиќ.

ПретходноБрера сака триумф против Работнички, гостите со желба да ја освојат Струмица
СледноПеп со еден потег ги насмеа новинарите: Еве што направи менаџерот на Сити!(ВИДЕО)