Невидена драма за шампионска титула: АЕК е првак на Грција (ВИДЕО)

163

АЕК по 14. пат е шампион на Грција. Во мечот со Панатинаикос, АЕК славеше со 2:1 и дојде до шампионскиот наслов.

Олимпијакос и ПАОК играа во исто време, а откако двата тима ремизираа (1:1), АЕК стигна до недостижна предност од осум бода, на две кола пред крајот. Кога ПАО поведе со голот на Тетехо во 66-тата минута, а Олимпијакос поведе во Пиреја, се чинеше дека ќе се одигра најлошото можно сценарио за АЕК, но шест минути подоцна, Николиќ го израмни резултатот на 1:1, а потоа и ПАОК израмни.

Кулминацијата на драмата на стадионот на АЕК дојде во судиското продолжение. Лука Јовиќ со глава додаде за Жоао Марија, а Португалецот постигна гол за воодушевување на преполната „Аја Софија“.

ПретходноЕл Класико: Рашфорд постигна евро-гол, Барса со два гола предност на полувреме (ВИДЕО)
СледноМилан се коцка со ЛШ: Аталанта го шокираше „Сан Сиро“