Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

132

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на Примера.

Барселона благодарение на голот од слободен удар на Маркус Рашфорд и потоа оној на Феран Торес, за само 18 минути дојде до предноста за победа, во натпревар во кој Реал едноставно немаше никакви шанси за подобар резултат.

Во следното коло, тимот на Ханс-Дитер Флик ќе се соочи со Алавес на гостински терен на 13 мај, додека момците на Алваро Арбелоа ќе играат против Овиедо дома еден ден подоцна.

ПретходноГолемите така ги чуваат легендите: Мајнц со посебна чест за Новески (ФОТО)
СледноЊујорк ја „збриша“ Филадефија, Минесота израмни против Спарс (ВИДЕО)