На само саати пред вечерашното големо дерби „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во семејството на тренерот на Барселона се случи трагедија.
Почина таткото на Ханси Флик. Оваа информација е пренесена попладнево, а според истата Флик нема да одуствува денеска, туку напротив, ќе го води тимот на овој меч.
Каталонскиот клуб се огласи преку соопштение, во кое изразува поддршка на својот тренер во овие тешки моменти.
„Барселона и целото семејство на блауграна, сака да му изрази сочувство во овие моменти на Ханси Флик поради смртта на неговиот татко. Сочувствуваме со неговата болка и стоиме зас него и неговото семејство во овие тешки моменти“ – напиша ФК Барселона.










