Македонската ракометна репрезентација вчера го имаше првиот собир пред двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство. Еден од нашите најдобри ракометари, Филип Кузмановски истакна дека нашата репрезентација има јасно поставена цел пред себе.
„Македонија има јасна цел. Имаме краток период да се спремиме и сакаме да извојуваме две победи, да го покажеме тој квалитет што го имаме. Мислам дека заслужуваме оваа генерација да ја однесеме на уште едно големо натпреварување. Ќе го дадеме максимумот на гостински терен и после посакувам пред полна сала Борис Трајковски да го потврдиме пласманот. Очекувам голема поддршка каква што ја имаме на домашен терен секогаш. Мислам дека таа огромна поддршка ја имаме заслужено со нашите резултати и игра и со нетрпение ги чекаме овие натпревари за Македонија за да се пласираме на уште едно големо натпреварување“, изјави капитенот Кузмановски.
Македонија во четвртот ќе гостува против Словачка во Прешов, а в недела во Скопје ќе го одиграме и реванш-натпреварот.










