Фудбалерките со пораз го завршија настапот на развојниот турнир

24

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА развојниот турнир што се одржа во Струмица е поразена од селекцијата на Косово со 2:1.

Откако првото полувреме заврши без голови на почетокот од второто во 58. минута, Олса Кучи им донесе предност на гостинките од 1:0.

Во 79-тата, Леона Малоку зголеми на 2:0, а во последната минута од натпреварот Елена Наумоска беше стрелец на единствениот гол за Македонија.

Избраничките на селекторката Катерина Милеска на трите меча во Струмица забележаa по една победа и пораз, а еден меч го загубиja по изведување на удари од 11 метри откако по 90 минути игра резултатот беше нерешен.

Македонија на турнирот го освои третото место зад селекциите на Косово и Андора, а пред Сан Марино.

Турнирот во Струмица беше одлична можност за Милеска да ја селектира новата генерација фудбалерки кои наскоро треба да влезат во натпреварувачкиот систем на УЕФА.

ПретходноМбапе со една фотографија го навлече гневот на навивачите на Реал