Ливерпул објави фотографии од споменик во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во трагична несреќа на 3 јули 2025 година.
За прв пат во историјата на клубот, Ливерпул повлече од употреба број во сите возрасни категории. Скулптурата е направена во форма на срце како знак на сеќавање на начинот на кој Жота ги славеше головите. Исто така, тука се и броевите 20 и 30 што браќата ги носеа на своите дресови, а напишани се и стиховите од песната на навивачите посветена на Жота, која навивачите ја пеат цела сезона во 20-тата минута од секој натпревар. И, секако, зборовите „Засекогаш 20“.
На самата скулптура е напишано:
„О, тој носи број 20, тој ќе нè води до победа“, а на пиедесталот е напишан вториот дел:
„Тој ќе нè води до победа, о, неговото име е Диого“.
Клубот вели дека идејата за споменикот е да се „прослави животот на двајца браќа, нивната врска и љубовта и поврзаноста што ја чувствувале со своето семејство, соиграчите и навивачите ширум светот“.
Споменикот ќе биде поставен на Авенија 97 на Енфилд, деловите се направени од рециклирани дресови, пораки, свеќи, цвеќиња… што навивачите ги оставале пред Енфилд со денови. Ливерпул сè уште не го потврдил датумот кога ќе биде поставен споменикот.
Како што е познато Ливерпул му го исплати договорот на семејството на Диого Жота и се обврза да се грижи за образованието на неговите деца.










