Магдебург против Фуксе Берлин во германското полуфинале и Алборг – Барса во второто полуфинале. Вака сакаше денешната ждрепка за Ф4 во ракометната Лигата на Шампионите кој ќе се одигра на 13/14 јуни во “Ланксес Арената“ во Келн.
Јасно е дека на програмата се спектакуларни мечеви, да не говориме за големото финале.
Амбициите се јасни. Барселона има намера да освои уште една титула, атакува кон својата 12-та во најквалитетното ракометно клупско првенство. Магдебург оди по одбрана на тронот а Алборг и Фуксе Берлина атакуваат кон својот прв трофеј во Лигата на Шампионите.










