Сити го „пречкрта“ и Кристал Палас и ја продолжи потерата зад Арсенал

32

Фудбалерите на Манчестер Сити ја совладаа екипата на Кристал Палас со 3:0 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Со оваа победа момците на Пеп Гвардиола ја продолжија потерата зад првопласираниот Арсенал.

Домаќините го решија прашањето на победник уште во првото полувреме откако Мармуш и Семењо стрелаа во 32-та и 40-тата минута. Во вториот дел Савињо со гол во 84-тата минута стави точка на победата на „граѓаните“.

Кристал Палас ја продолжи лошата низа на резултати и ова е веќе 5-ти натпревар без победа за нив. Во моментов тие се наоѓаат на 15-тото место со 44 бодови.

ПретходноХаџииљоски: Се радувам што собирите и на женската репрезентација стануваат традиција
СледноИнтер го совлада Лацио за десетта куп титула во историјата