Во Торонто ќе се делат кондоми на навивачите на СП под името „каков финиш“

21
Фото: toronto.ca

Јавното здравсто на Торонто претстави иницијатива пред Светското првенство во фудбал. Како дел од подготовките за доаѓањето на стотици илјади навивачи од целиот свет, градските власти ќе дистрибуираат бесплатни кондоми со фудбалска тематика.

Кондомите во ограничено издание се дел од поширока кампања за „промовирање на безбеден секс, намалување на стигмата и поврзување на луѓето со услуги за сексуално здравје“. Градскиот здравствен оддел соопшти дека ќе дистрибуираат „потребни средства за безбеден секс“ за да ги потсетат граѓаните и посетителите на важноста на заштитата.

„Без разлика дали одите на фудбалски натпревар, го гледате со пријатели, посетувате летен фестивал или едноставно се забавувате, не заборавајте дека кондомите го штитат вашето здравје и здравјето на вашите партнери“, соопшти градскиот здравствен оддел.

Колекцијата, наречена „линија на денот на натпреварот“, вклучува шест различни дизајни со духовити имиња како „Каков финиш!“, „Блокирајте ги тие удари!“ и „Оххх, Канада“, игра на зборови за канадската национална химна. Кондомите ќе бидат дистрибуирани бесплатно во градските клиники и на други локации „додека траат залихите“.

Торонто е еден од 16-те градови домаќини низ САД, Мексико и Канада. BMO Field ќе биде домаќин на шест натпревари, вклучувајќи натпревар помеѓу Хрватска и Панама.

Првиот натпревар во Торонто ќе биде помеѓу Канада и Босна и Херцеговина, по што ќе следат натпревари помеѓу Гана и Панама, Германија и Брегот на Слоновата Коска, Хрватска и Панама, и Сенегал и Ирак. BMO Field исто така ќе биде домаќин на еден натпревар од рундата од 32-те на 2 јули.

ПретходноНајдобриот тим на Истокот е на еден чекор од елиминција од плејофот во НБА