Тежок пораз на Ливерпул на гостувањето кај Астон Вила на отворањето на претпоследното коло во Премиер лигата. Момците на Унаи Емери го совлада Ливерпул со 4:2 и себе си си обезбедија сигурно место во Лигата на шампионите следната сезона, додека „црвените“ сега ќе мора да се молат на противниците на Борнмут за да ја задржат петтата позиција која ќе ги однесе во друштвото на најдобрите во Европа идната сезона.
Ливерпул одигра уште еден очаен натпревар, како и повеќето оваа сезона под водство на Слот. Домашните поведоа со голот на Роџерс во 42. минута, но на почетокот на вториот дел Ливерпул некако успеа да возврати со голот на Ван Дајк за 1:1. Од тој момент, па се до крајот, Астон Вила изгледаше една класа подобро од противникот. Оли Воткис погоди двапати за 2:1 и 3:1, а капак на се стави МекЏин со еден неверојатен погодок во 89. минута за 4:1.
Во судиското продолжение Ван Дајк со својот втор гол само намали на 4:2.
За Слот се поизвесно е дека ги има последните натпревари на клупата на Ливерпул и чудо ќе биде доколку не добие отказ.










