Борусија (Д) преговара со напаѓачот на Реал (М)

31
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Гонзало Гарсија Торес може да се пресели во Германија. Напаѓачот на Реал (М), според германски извори, стана главна летна цел на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ ги интернзивираа своите трансфер напори и веќе разговарале со играчот. Шпанецот е отворен за можноста за таков трансфер.

Реал Мадрид бара 60 милиони евра за 22-годишниот напаѓач – повеќе отколку што германскиот клуб може да си дозволи. Сепак, постојат и други опции, вклучувајќи позајмица и трансфер од 20 милиони евра со опција за откуп од 35 милиони евра.

Друга алтернатива е да се намали цената, но во договорот да се вклучи клаузула што би му овозможила на шпанскиот тим да добие значителен дел од приходите од препродажбата на Гонзало Гарсија (веројатно повеќе од 50%).

ПретходноБелгија со Лукаку и Де Брујне оди на Мундијалот
СледноЛапорта и правниот тим на Барселона подготвуваат тужба за Флорентино Перез