Левандовски објави дека си заминува од Барселона

67
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Легендарниот полски интернационалец, Роберт Левандовски објави дека нема да потпише нов договор со тимот на Барселона и по четири години минати во Каталонија, заминува летово како слободен играч.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, од наесен ќе го гледаме во нов клуб, а тој се прости од навивачите на Барселона со обраќање преку социјалните мрежи.

„По четири години, полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е исполнета. 4 сезони, 3 титули. Никогаш нема да ја заборавам љубовта што ја добив од навивачите уште од моите први денови во клубот. Каталонија е моето место на Земјата. Ви благодарам на сите што ги запознав по патот во текот на овие прекрасни четири години. Посебна благодарност до претседателот Лапорта што ми даде можност да го живеам најневеројатното поглавје од мојата кариера. Барса се врати таму каде што припаѓа. Да живее Барса. Да живее Каталонија“, се вели во обраќањето на 37-годишникот, кое беше придружено со специјално видео.

ПретходноМислав Матиќ: Вардар е величина во Македонија, но и пошироко
СледноСелтик со нова титула во шампионатот на Шкотска