Македонецот е на цена: Растодер е желба на Панатинаикос, Хамбургер, Менхенгладбах…

112
ФОТО: FC Thun/FB

Елмин Растодер имаше фантастична сезона во Тун, со кој ја освои титулата во Швајцарија. Македонскиот напаѓач не само што беше најдобар стрелец на шампионот туку е еден од најдобрите во тамошната лига.

И кога е така, тогаш јасно е дека Растодер е желба на повеќе познати европски клубови, од кои еден е и некогашен европски првак како Хамбургер на пример.

Вчера и денеска, медиумите во Германија и Швајцарија, известуваат дека најмалку три познати клубови го посакуваат напаѓачот. Еден од нив е и Панатинакос, веста за ова ја пренесуваат и медиумите во Грција.

Потоа споменатиот Хамбургер како и Борусија Менхенгладбах. Од ова произлегува дека Растодер тешко и наредната сезона ќе го предводи нападот на Тун.

ПретходноЕлмас пред можен трансфер во Астон Вила или Сандерленд?!
СледноПознато е кога Реал Мадрид ќе го претстави “Спeцијалниот“