Каратистите се „чекираа“ на Европското во Германија

23
Нашата сениорска репрезентација во карате пристигна на Европско првенство во Франкфурт, Германија кое ќе се одржи од 20 мај до 24 мај 2026 година .
Од КФМ не известија дека успешно помина пријавувањето и мерењето по категории истакнаа дека македонските каратисти со гордост ќе ја претставуваат нашата татковина Македонија на ова натпреварување.
На ова 61. Европско натпреварување ќе има учесници од 51 земји и вкупно 600 натпреварувачи кои ќе се борат за златен медал на континенталниот шампионат.
Експедицијата на Македонија ја сочинуваат:
Селекторот сениори во ката Стојан Андриевски
Селектор сениори во кумите Александар Кузмановски
Помошник селектор кумите Петар Белистојаноски
Физиотерапевт Стефан Ефремов и шеф на делегација Бесник Мурати
Утре со почеток во 09:30 часот, започнува првенството и во првиот ден ќе настапат категорите
Жени во ката , Жени и Мажи во кумите +68,-68,-61,+84,-84,-75 килограми а останатите и тимовите ќе следат наредбите денови
 Индивидуален и екипен состав кој ќе ја претставува Македонија:
– Жени Сениорки кумите
1.Ива Пецевска -50 кг
2.Михаела Мишовска -55 кг
3.Вероника Костовска -61кг
4.Ера Коџа -68 кг
5.Ердона Зибери +68 кг
– Женски тим екипно кумите (5)
– Мажи Сениори кумите
1.Недим Шакири -60 кг
2.Матеј Белистојански -67 кг.
3.Љупчо Михајлов -75 кг
4.Реџеп Рушити -84 кг.
5.Стефан Стојановиќ+84 кг.
– Машки тим екипно кумите (7)
6. Мурсељ Мисими
7. Филип Стојанов
Жени Сениори ката индивидуално
1. Владанка Аврамова
Женски тим екипно Кати (3)
2. Данка Стојкова
3. Сара Трпковска

ПретходноКонте завршува во Наполи и се враќа таму каде што му припаѓа срцето
СледноКристијано Роналдо ќе ја предводи Португалија, постхумно и Диого Жота во составот за Мундијалот