На овој турнир ќе се појават голем број на ракометари кои настапуваат во домашниот шампионат, како Хориха, најавен е Мартин Серафимов во тимот на Данило Брестовац, Ал Араби, како и Ал Духаил каде тренер на голманите е Петар Мисовски, клуб кој е исто од Катар.
Кузмановски се уште го нема продолжено договорот со Пелистер каде е капитен и лидер на тимот. Од следната сезона добро е познато дека на клупата ќе биде искусниот стратег, Лино Червар.










