Во Подгорица е потпишан договор за регионална лига

103
U18M Kvalifikacije, Podgorica, Montenegro, 20. 5. 2026., May, 2026, Credit: U18M Kvalifikacije/Foto: OSCG

Ракометот како спорт на Балканот, со децении е еден од водечките и затоа взаемното функционирање на федерациите, лигите, и се останато е многу значаен фактор.

Па така, со огромно задоволство, Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека во Подгорица, Црна Гора, денеска е потпишан договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција.

Истиот е потпишан од страна на ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија.
Машката верзија ќе функционира по принципот на десет клубови, од кои четири ќе бидат од Македонија односно Србија, а два од Црна Гора.

Што се однесува пак до лигата во женска конкуренција, таа ќе има малку поинаков состав. Во неа ќе влезат и екипи од Хрватска и Словенија, како и секако Црна Гора, Македонија и Србија. Бројот на клубовите ќе биде ист како и во машка конкуренција.

ПретходноКуп финале 2026: Вардар најтрофеен, Слога Ј со најмногу финалиња и порази!
СледноДали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!