Хамилтон со порака до „хејтерите“: Не одам во пензија уште пет години!

16

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не размислува за завршување на кариерата и напуштање на Формула 1, и дека има намера да продолжи со своите настапи следната сезона.

„Сè уште имам важечки договор, па сè ми е 100% јасно. Сè уште сум фокусиран и мотивиран. Сè уште го сакам она што го правам со сето срце и ќе бидам тука некое време, затоа навикнете се. Многу луѓе се обидуваат да ме испратат во пензија, но јас не размислувам да ја завршам кариерата. Напротив, размислувам за тоа што е следно, правам планови за следните сезони, да речеме, пет. Генерално, планирам да останам во Ф1 уште некое време“, рече Хамилтон.

ПретходноТи-Џеј Шортс од Атина се сели во Валенсија