Познати стадионите на кои ќе се играат баражите за пополнување на ВМФЛ

408

По жрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви.

На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане.

Последниот бараж натпревар за пополнување на ВМФЛ за сезоната 2026/2027 ќе се одигра на 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, а се среќаваат Тетекс Тетово и Влазними Струга.

Почетокот на сите четири средби е закажан за 16 часот и 30 минути.

ПретходноОфицијално: Мајкл Карик е менаџер на Манчестер Јунајтед до 2028 година
СледноМаурицио Сари се договорил со Аталанта, Наполи преговара со Италијано