Фајналфорот во Атина во Евролигата започна со вечерашниот дуел помеѓу домашниот тим Олимпијакос и сега веќе поранешниот шампион Фенербахче во „ОАКА“. Со голема поддршка од своите навивачи од трибините, Олимпијакос на крајот триумфираше со 79:61, без многу неизвесност, и потврди зошто го заврши лигашкиот дел од сезоната на првото место и зошто го елиминираше тимот на Монако во четвртфиналето со максимална победа од 3:0. Така тимот на тренерот Јоргос Барцокас дојде на чекор од својата четврта титула во Евролигата, која ја чека од 2013 година, а кој ќе му биде ривал во финалето зависи од исходот на вечервашниот шпански натпревар помеѓу Реал и Валенсија во 20 часот.
Уште на стартот се виде кој е кој во моментов. Гигaнтот од Истанбул еднoставно “изгоре“ во пеколот во “ОАКА“, долго, долго не можеше да ги постигне првите поени, а на другата страна “црвено – белите“ го полнеа кошот на тимот на страртегот Јасикевичиус.
На крајот голема радости вистинска журка во “црвено – бело“.
Блескаа Везенков и Дорси кај победничкиот тим со 16 и 15 поени, додека кај поразениот состав најефикасен беше Биберовиќ со 17 поени.










