Јанкулов: Да се прочиташ на списокот на А репрезентацијата е непроценливо чувство

157

Македонскиот фудбалски национален тим пред себе има два предизвика. Во името на Босна и Турција, две репрезентации со кого ќе спарингуваме во пријателски мечеви на 29 мај односно 1 јуни.

Нашиот национален состав на гости ќе проба да одработи два добри мечеви кои што се претходница на Лигата на Нациите на есен.

Селекторот Гоце Седлоски за овој термин одбра играчи кои што досега и не биле во преден план. Има и дебитанти од домашниот шампионат, а еден од нив е десниот бек на актуелниот шампион, тимот на Вардар, Георгије Јанкулов.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија сега во сениорска улога ќе го има дебито во оваа конкуренција.

„Среќен сум за повикот. Нормално е да е така. Секој играч го посакува овој момент. Благодарност до селекторот до сите оние кои што веруваат во мене и во она што можам да го дадам за Македонија. Тоа секогаш сум го правел. Уште од времето кога за прв пат настапив за Македонија во У17 генерацијата под водство на селекторот Горан Станиќ. Потоа три години како дел од У19, а и од У21 репрезенатцијата под водство на селекторите Милевски и Канатларовски. Не очекуваат два одлични тест меча во кои ќе видиме како ќе се носиме со сериозни светски селекции кои се дел од Мундијалот“ – изјави Георгије Јанкулов за Спортспорт.

ПретходноМаурицио Сари се договорил со Аталанта, Наполи преговара со Италијано
СледноСтатуа на Пеле пред стадионот во Гвадалахара