Трабзонспор е освојувач на пехарот во Купот на Турција, откако вечерва во Анталија, успеа да слави со 2:1 против тимот на нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди.
Навистина штета, посебно ако се знае дека на 1:1, во таа 58.минута не успеа да реализира пенал против својот некогашен клуб за водство. Македонскиот репрезентативец ја погоди левата статива на Онана.
❌ Konyaspor, 58. dakikada Enis Bardhi ile penaltıdan yararlanamadı.pic.twitter.com/VDDtl3N3PZ
— Fanatik (@fanatikcomtr) May 22, 2026
Штета, малку недостигаше Енис Барди да дојде до трофеј во Турција.
Како и обично, кога се играат вакви мечеви во Турција, беше тензично и тоа како.
Трабзон поведе со голот на Онуачу во 18.минта, за да во 50.минута Коњаспор израмни на 1:1 со голот на Мулека. И место целосен пресврт, Барди промаши пенал а Трабзон успеа да победи со вториот гол на Онуачу од пенал, во 79.минута.
Јасно беше видливо разочарувањето кај Барди и неговите соиграчи, како и меѓу фановите на Коњаспор.










