По жрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви.
На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане.
Последниот бараж натпревар за пополнување на ВМФЛ за сезоната 2026/2027 ќе се одигра на 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, а се среќаваат Тетекс Тетово и Влазними Струга.
Почетокот на сите четири средби е закажан за 16 часот и 30 минути.










