Ф4: Олимпијакос го декласира Фенер и се “чекира“ во финалето!

70
ФОТО:x.com/EuroLeague

Фајналфорот во Атина во Евролигата започна со вечерашниот дуел помеѓу домашниот тим Олимпијакос и сега веќе поранешниот шампион Фенербахче во „ОАКА“. Со голема поддршка од своите навивачи од трибините, Олимпијакос на крајот триумфираше со 79:61, без многу неизвесност, и потврди зошто го заврши лигашкиот дел од сезоната на првото место и зошто го елиминираше тимот на Монако во четвртфиналето со максимална победа од 3:0. Така тимот на тренерот Јоргос Барцокас дојде на чекор од својата четврта титула во Евролигата, која ја чека од 2013 година, а кој ќе му биде ривал во финалето зависи од исходот на вечервашниот шпански натпревар помеѓу Реал и Валенсија во 20 часот.

Уште на стартот се виде кој е кој во моментов. Гигaнтот од Истанбул еднoставно “изгоре“ во пеколот во “ОАКА“, долго, долго не можеше да ги постигне првите поени, а на другата страна “црвено – белите“ го полнеа кошот на тимот на страртегот Јасикевичиус.

На крајот голема радости вистинска журка во “црвено – бело“.

Блескаа Везенков и Дорси кај победничкиот тим со 16 и 15 поени, додека кај поразениот состав најефикасен беше Биберовиќ со 17 поени.

ПретходноМакедонецот со хет – трик: Маестро Георг Стојановски го остави тимот на својот дедо во елитата!
СледноГеорг Стојановски: Ова е мојот прв хет – трик во кариерата, многу сум среќен!