Штета: Барди промаши пенал, Коњаспор поразен во финалето на Купот!(ВИДЕО)

136
ФОТО:.facebook.com/konyaspor/

Трабзонспор е освојувач на пехарот во Купот на Турција, откако вечерва во Анталија, успеа да слави со 2:1 против тимот на нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди.

Навистина штета, посебно ако се знае дека на 1:1, во таа 58.минута не успеа да реализира пенал против својот некогашен клуб за водство. Македонскиот репрезентативец ја погоди левата статива на Онана.

Штета, малку недостигаше Енис Барди да дојде до трофеј во Турција.

Како и обично, кога се играат вакви мечеви во Турција, беше тензично и тоа како.

Трабзон поведе со голот на Онуачу во 18.минта, за да во 50.минута Коњаспор израмни на 1:1 со голот на Мулека. И место целосен пресврт, Барди промаши пенал а Трабзон успеа да победи со вториот гол на Онуачу од пенал, во 79.минута.

Јасно беше видливо разочарувањето кај Барди и неговите соиграчи, како и меѓу фановите на Коњаспор.

ПретходноЦ.Звезда ја прославува титулата пред мал број фанови! (ВИДЕО)
СледноЈакимовски одличен, Тренто поведе со 2:1 во серијата против Виртус!