Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Баерн (М) експресно обезбедија полуфинале во германското првенство. Денеска во третиот меч од четвртфиналната серија, Баерн (М) славеше и третпат против екипата на Трир, овој пат како гостин со убедливи 62:99.
Димитријевиќ повторно беше еден од носителите на играта на гостите. Нашиот плеј постигна 12 поени и беше трет поентер во победничкиот состав. Покрај 12-те поени, зад името на Димитријевиќ останаа забележани и 2 скока и 4 асистенции.










