ВМФЛ: И официјално Брегалница е ПРВОЛИГАШ, Скопје и Шкендија (А) ќе играат баражи за пласман во елитата!

325

Готово е, и официјално Брегалница е прволигаш откако попладнево во меч од последното 30.коло во ВМФЛ дома рутински славеше против Победа со 7:0.Брегалница заврши со 71 бод, исто како и Скопје, но има подобар меѓусебен скор и затоа на крајот е шампион за тековната сезона 2025/26 во ВМФЛ.

По мечот славје на стадионот под Исарот, ова е голем успех на штипските “сини“ предводени од стратегот Влатко Костов. И дефинитивно фудбалски Штип и Брегалница се враќаат во елитата, таму каде што им е местото.

Во баражот за пласман во елитата ќе играат Скопје и Шкендија (А), кои завршија како втори и трети, а кој со кого, дали со Брера или Пелистер, ќе се знае утре.

Скопје денеска без проблеми го победи Детонит со 5:1, а Шкендија (А) како гостин славеше кај Саса со 2:4.

Извиси Охрид, тим кој што беше есенски првак и кој попладнево дома победи со… ама тоа беше пирова победа.

Од ВМФЛ директно испаднаа Г. Коњари, Победа, Преспа, Слога (В) и Вардар (Н), а бараж за останување во ВМФЛ ќе играат Кожув, Тетекс и Саса.

Да кажеме дека попладнево на сите осум средби беа постигнати неверојатни 51 голови

РЕЗУЛТАТИ – 30.КОЛО

Брегалница – Победа 7:0

Скопје – Детонит 5:1

Саса – Шкендија (А) 2:4

Новаци – Осогово 3:3

Охрид – Слога (В) 7:1

Преспа – Беласица 1:3

Тетекс – Г.Коњари 7:2

Вардар (Н) – Кожув 0:5

ТАБЕЛА

Брегалница 71, Скопје 71, Шкендија (А) 69, Охрид 68…

ПретходноПМФЛ: Арсими ја победи Струга ТЛ за крај
СледноДимитријевиќ со 12 поени го однесе Баерн во полуфинале