Еве како се менуваше табелата во ПЛ од 1. до 37.коло!(ВИДЕО)

47
ФОТО: Premier League/FB

Попладнево од 17 часот на програмата е оследното коло од Премиер лигата, кога конечно ќе бидат решени сите дилеми, но најважната е решена пред крајот. Со победа над Барнли (1:0) и ремито на Манчестер Сити со Борнмут (1:1) во вторник, Арсенал ја обезбеди својата прва шампионска титула по 22 години.
Пред последното коло, Премиер лигата објави како се менуваше табелата од првото до претпоследното 37-мо коло.
Можете да видите каде беше секој клуб од коло до коло, а овој преглед можеби најдобро покажува колку Арсенал беше конзистентен од почеток до крај.
По првото коло, Манчестер Сити беше на чело на табелата, во второто, Арсенал накратко ја презеде палката, а од третото до шестото, Ливерпул беше прв. А потоа започнува незапирливиот подем на лондонските „топџии“. Кога го презедоа врвот на табелата од седмото коло, на почетокот на октомври, не го испуштија до самиот крај.
Погледнете како се менуваше табелата во Премиер лигата од првото коло…

ПретходноТажна вест: Почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески – Ципа
СледноПознати се сите можни ривали на Силекс и Шкендија за 1.квалификациско коло во ЛК! (ФОТО)