Струмица ќе биде петтиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.
Струмица е спортски град, тука се родени македонските величини од поновата историја како Горан Пандев и Владо Илиевски.
„Денот на спортот“ ќе се одржи на градскиот плоштад во Струмица на 27.05.2026 (среда) со почеток во 10:30 часот.
На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, кој е поддржан од Владата на Македонија, градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, како и други спортски имиња.
Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Главната цел на Спортските игри за млади е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.
По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип и со денешниот спектакл во Кочани, спортскиот караван пристигнува во Струмица.
Струмица, се гледаме утре – да создадеме нови спортски приказни!
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!










