Поради повреда сепак, македонскиот младински репрезентативец Димитар Трајков нема да биде дел од претстојниот пријателски дуел против Бугарија на гостински терен.
Напаѓачот на хрватскиот тим Дугопоље беше под знак прашалник, а сега од нашиот табор дефинитивно потврдуваат дека неговиот настап е откажан.
Од друга страна пак Матеј Гаштаров се приклучува и ќе биде дел од мечот кој што на 30 мај го играме во Софија на стадионот Бистрица.
Собирот на селекторот Горан Станиќ е закажан за утре.










