Против Бугарија сепак без Димитар Трајков

74

Поради повреда сепак, македонскиот младински репрезентативец Димитар Трајков нема да биде дел од претстојниот пријателски дуел против Бугарија на гостински терен.

Напаѓачот на хрватскиот тим Дугопоље беше под знак прашалник, а сега од нашиот табор дефинитивно потврдуваат дека неговиот настап е откажан.

Од друга страна пак Матеј Гаштаров се приклучува и ќе биде дел од мечот кој што на 30 мај го играме во Софија на стадионот Бистрица.

Собирот на селекторот Горан Станиќ е закажан за утре.

 

ПретходноЕлмас пристигна синоќа, со Серафимов денеска се комплетираме
СледноНад 2.000 детски насмевки и одлична атмосфера во Кочани на „Денот на Спортот“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)