Македонија без Енис Барди против Босна и Турција

160

Поради повреда на коленото, капитенот на репрезентацијата на Македонија, Енис Барди нема да биде дел од дуелите кој нашиот национален состав ги игра против Босна односно Турција.

Барди пристигна повреден во репрезентативниот кампус и не тренираше. За да по прегледите од докторскиот тим сепак биде констатирано дека не е во можност да помогне за овие два пријателски мечеви.

Во текот на денешниот ден, најдоцна утре ќе се знае и дали селекторот Гоце Седлоски ќе повика замена за него.

 

ПретходноПознат составот и на Бугарија за дуелот со Македонија
СледноБарселона има договор со Ентони Гордон