Кошаркарската федерацција на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во М16 лигата. откако ниту еден од четирите клубови-финалисти не се пријави на лицитацијата за стекнување со правoтo да биде домаќин на финалниот турнир од ова натпреварување од „Адастра“ младинските лиги.
Утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: Вардар – Работнички, односно Водно санс – Феникс 2010, ќе се играат на 30. мај (сабота), од 18, односно 20.30 часот.
Наредниот ден, 31. мај (недела), на распоред е натпреварот за третото место (18.00 часот), односно големото финале (20.30 часот) по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од „Адастра“ младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
30.МАЈ (САБОТА)
18.00: Вардар – Работнички
20.30: Водно санс – Феникс 2010
31.МАЈ (НЕДЕЛА)
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
18.00: Поразен 1 – Поразен 2
ФИНАЛЕ
20.30: Победник 1 – Победник 2
*Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје










