Заслужено: Микел Артета е менаџер на годината во ПЛ!(ФОТО)

27
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Секако дека е повеќе од заслужено. Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ги победи Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Реџис Ле Бри и Мајкл Карик во трката за наградата.


Под водство на Артета, „топџиите“ ја освоија англиската титула. Тие собраа 85 бода од 38 кола од шампионатот, 7 бода пред нивниот најблизок конкурент Манчестер Сити. Ова е прва титула за Арсенал по 22 години. Артета го презеде лондонскиот тим во декември 2019 година. Оттогаш, покрај шампионската титула, тој го предводеше Арсенал до освојување на ФА Купот и два Карабао Купа.
Во сабота, избраниците на Артета ќе се соочат со Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

ПретходноТолку беше: Лука Модриќ става крај на блескавата кариера?!
СледноОдлични вести за ПСЖ пред финалето во ЛШ: Двајца клучни играчи тренираат со тимот