Нова спортска магија во Струмица: „Денот на спортот“ обедини 700 деца!

28

Уште една успешна спортска приказна е реализирана во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. Струмица е петтиот град-домаќин на „Денот на спортот“. На градскиот плоштад, околу 700 дечиња уживаа во уникатно и големо натпреварување.

Поттикнување на спортскиот начин на живот, инклузија, толеранција и другарство меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во Европа – Плазма Спортските игри за млади, веќе цели 30 години. СИМ овозможува бесплатен спорт за сите деца, создавајќи еднакви можности и простор за развој на младите таленти.

Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, кој свечено ги прогласи Игрите за отворени.

Струмица секогаш била „расадник“ на спортисти. На градскиот плоштад беа поранешниот македонски репрезентативец и спортска легенда Владо Илиевски, заедно со тренерот на актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, Васко Атанасов. Двајцата, заедно со маскотата „Виктор“ и младите дечиња, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на СИМ.

Претседателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска, ги поздрави сите учесници, потенцирајќи ја важноста на големиот спортски настан, кој е поддржан од Владата на Република Македонија.

„Почитуван градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, почитувани претставници на Општина Струмица, драги колеги и колешки, драги деца,
Денеска сме тука поради вас, бидејќи вие сте најважни. Спортот обединува, спортот нè прави подобри личности.

Дозволете од мое име, од името на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и од името на Плазма Спортските игри за млади, да му се заблагодарам на градоначалникот на Струмица, кој навистина вложува во училишниот спорт и се труди да покаже дека се добри домаќини кога станува збор за спортот. Веќе третпат сме тука во Струмица, го организиравме државното првенство во шах и Гимназијадата.

Денеска, по повод Плазма Спортските игри за млади, ви посакувам убав ден полн со насмевки и дружење. Нека победи толеранцијата. Се гледаме на големото финале кое ќе се одржи во Сплит“, рече претседателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска.

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, најави дека Општината и натаму ќе продолжи да вложува во спортот.

„Би сакал да ве поздравам сите. Плазма Спортските игри за млади се најголема аматерска спортска манифестација во Европа, која веќе три децении обединува голем број деца преку спортот. Овие Игри овозможуваат секое дете да почувствува радост, да создаде нови пријателства и да научи што значи тимска игра, почитување и заедништво.

Горди сме што токму Струмица е дел од оваа европска спортска приказна. Нашиот град знае да ја препознае важноста на спортот и вложувањето во младите. Ќе продолжиме да создаваме услови младите да растат здраво, активно и исполнето.

Драги деца, денеска не е најважно кој ќе победи – најважно е да играте со срце, да се почитувате меѓусебе и да покажете дека спортот обединува. Победници сте сите вие. Ви посакувам успешни, фер и возбудливи натпревари“, изјави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Во Струмица, денешниот ден е посветен на натпревари во Coca-Cola Cup во машка и женска конкуренција (2011 годиште), фудбал (2015 годиште), одбојка во машка и женска конкуренција, народна (2015 годиште) и народна (2017 годиште).

СИМ, заедно со Кока-Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма, создаваат нови незаборавни моменти.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/

ПретходноИ покрај испаѓањето: Нуњо Еспирито Санто останува на клупата на Вест Хем!
СледноЛамине Јамал со нова фризура на СП 2026!(ВИДЕО)