Мега проект: Дончиќ и Ѓорѓевиќ прават дрим-тим! (ФОТО)

531
фото: Do Deka @dodekabasket (X)

Во Италија се подготвува голем кошаркарски проект, а во него учествуваат две големи имиња од овињ простори. Според италијанскиот инсајдер Алесандро Луиџи Маџи, тимот на Рома ќе биде претставен во следните неколку дена. Тимот од италијанската престолнина ќе се натпреварува во Серија А. Тренер ќе биде Александар Ѓорѓевиќ, познатиот српски стратег, кој се враќа во клупската кошарка по долго време. Еден од акционерите, Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари денес, инсистираше на доаѓањето на „Сале национале“.

На чело на овој амбициозен проект е Дони Нелсон, поранешниот генерален менаџер на Далас Маверикс, чие пријателство со Дончиќ датира од времето кога Лука играше за тимот од Тексас. Нелсон го создаде тимот што играше во големото финале во 2024 година.

ПретходноСедлоски и Ангелески ставија крај на судиската кариера!(ФОТО)
СледноЛК финале: Кристал Палас и Рајо Ваљекано во битка за трофејот