И официјално Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески ставија крај на судиската кариера. По цели 27 години делење на правдата во ракометна Македонија, судиски стаж и повеќе од 900 отсудени натпреари, тие одлучија да стават крај на една долга и успешна кариера.
Тоа се бројки кои говорат за исклучителна кариера со труд и интегритет, се разбира и љубов кон спортот и посебно ракометот.
По повод крајот на судиската кариера, со посебно соопштение се огласи и РК Прилеп преку своите социјални мрежи:
“Почитувани Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески,
Ракометниот клуб РК Прилеп Ви упатува искрени честитки и голема благодарност за Вашата долгогодишна посветеност, професионалност и придонес кон македонскиот ракомет.
27 години активен судиски стаж и повеќе од 900 натпревари се бројки што зборуваат за исклучителна кариера исполнета со труд, интегритет и љубов кон спортот. Вашето име ќе остане запишано како симбол на фер-плеј, почит и врвно судење на ракометните терени.
Ви благодариме за коректната соработка, за сите моменти во кои бевте дел од ракометните приказни и за примерот што го оставате на идните генерации.










