Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со селекцијата на Босна и Херцеговина, голманот на нашата репрезентација, Столе Димитриевски, на прес-конференцијата зборуваше за очекувањата од овој меч.
„До претходниот натпревар секое мое присуство на прес-конференција значеше „чиста мрежа“. Се надевам ќе се вратиме на тоа. Сега се подготвуваме за Босанците, да одиграме добар натпревар во два правци. Доста време лично јас сум во добра форма, се чувствувам добро. Мислам дека влегувам во најдобрите денови од кариерата. Кај нас голманите тоа доаѓа подоцна од фудбалерите, а се надевам дека ќе продолжам во тој стил, ќе ѝ помогнам на Македонија и на замислите на селекторот. Следните натпревари во Лигата на нации ни се најважни, па Босанците се селекција која е многу слична на она што ни следува. Има доста потенцијал во новајлиите. Треба да се вклучат во работата“, вели Столе за утрешниот натпревар.










