Атлетико: Не лажете, нема никаква понуда за Алварез

59
ФОТО: La Liga/FB

Атлетико Мадрид изјави дека нема намера да го продаде Хулиан Алварез. Од шпанскиот клуб одговорија на гласините за можен трансфер на Алварез во Барселона, откако беше објавено дека каталонскиот клуб има намера да го купи напаѓачот во летниот преоден рок.

„Тој не е на продажба. Клубот не добил никакви понуди за играчот и не одржал никакви состаноци. Преку глава ни е од лаги, полувистини и измислени приказни, како на пример купувањето куќа од страна на Алварез во Барселона или апсурдните прашања што им се поставуваат на нашите играчи“, изјавија од мадридскиот тим.

ПретходноСинот на Анчелоти го презема Лил
СледноНа ГН на Монако нема специјален режим на возење во права линија