Македонските репрезентативци отпатуваа за Сараево каде утре (20.30 ч) на “Кошево“ ќе одиграат пријателска средба со селекцијата на БиХ. Без капитенот Енис Барди, кој откажа поради повреда, но со Елиф Елмас, Бојан Миовски, Столе Димитриевски, Џани Алиоски и другите, селекторот Гоце Седлоски ќе се обиде да дојде до добар резултат на оваа контрола против силната чета на селекторот Сергеј Барбарез, на која ова ќе им биде претпоследна проверка пред стартот на СП 2026.
“Националите“ се во добро расположение како што може да се види од фотографиите на скопскиот аеродром предмалку, од каде отпатуваа за главниот град на БиХ.
Да потсетиме дека на 1 јуни, А-репрезентацијата на Македонија ќе одигра пријателска и со селекцијата на Турција, исто учесник на Мундијалот, и тоа во Истанбул.






















