Барбарез: Македонија е силен противник со нов селектор на клупата

121

Репрезентацијата на Босна денеска ја имаше официјалната прес конференција пред утрешниот дуел со Македонија во Сараево на стадионот Кошево со почеток од 20:30 часот.

Селекторот Сергеј Барбарез имаше полна уста пофалби за нашиот национален тим кој што го опиша како сериозен, квалитетен и со намера да одигра добар меч.

„Мора да сте сериозни во пристапот. Не треба да се бавите со ранкинг било чив. Не сакам никого да омаловажам затоа што тоа не сакам ниту нам некој да ни го прави. Македонија е сериозен противник, кој што има нов селектор, и за кој што ова е важен меч. Македонија ќе сака да го добие овој дуел исто како и ние“ – рече Барбарез.

Босна нема поголеми проблеми со повредите. Се опоравуваат Табаковиќ и Шуњиќ, а и Џеко добил малку одмор пред се поради претпазливост.

 

 

ПретходноМелиќи со операција на препоните, откажаа и Ајетовиќ и Меметриза…. У21 ослабена заминува за Софија
СледноРадовиш подготвен за спектакл: Јубилејниот „Македонски бисер“ носи врвно борење и голема забава со Пајак