Мелиќи со операција на препоните, откажаа и Ајетовиќ и Меметриза…. У21 ослабена заминува за Софија

178

Македонскиот национален состав до 21. година денеска ги продолжува подготовките за дуелот против Бугарија на гостински терен. Истиот се игра во Софија, на стадионот Бистрица на 30 мај со почеток од 18:00 часот, а на него Македонија ќе настапи релативно ослабена.

Во последен момент настапот го откажаа двата играчи на Шкендија, Анес Мелиќи и Нуман Ајетовиќ.

Мелиќи има повреда на препоните и ќе оди на операција, а Ајетовиќ исто така нема да биде дел од овој дуел поради повреда.

Конечно, од здравствени причини уште еден настап за У21 нема да забележи ниту Хамза Меметриза од Струга ТЛ.

 

ПретходноСпорт, другарство и радост: Велес домаќин на незаборавен „Ден на спортот“ (ФОТО)
СледноБарбарез: Македонија е силен противник со нов селектор на клупата