Пред фан-шопот на Ферхадија во Сараево денеска имаше толпа навивачи кои сакаа да ги купат дресовите во кои репрезентацијата на БиХ ќе настапи на Светското првенство.
Босанците вечерва на Кошево ќе одиграат пријателски натпревар со Македонија пред „змејовите“ да заминат на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.










